Дома Фудбал Англија Пропаст за Салах: За него е само Ливерпул, би потонал во Реал и Барса..

Пропаст за Салах: За него е само Ливерпул, би потонал во Реал и Барса..

Постојат доста луѓе коуи сметаат дека Мохамед Салах не би можел да игра во Реал Мадрид или некој друг голем клуб.

Репрезентативецот на Египет воодушеви со своите партии во дресот на Ливерпул во тековната сезона, но бившиот играч на „Црвените“, Чарли Адам смета дека Египќанецот не би можел да се снајде во Реал или Барселона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Тешко е да има место било каде за него, каде да замине? Не верувам дека во Реал или Барселона би имал простор и минутажа“, истакна Адам па додаде:

„Тој ќе остане во Ливерпул, кој има квалитет да ја освои титулата, недостигаат уште еден или двајца врвни играчи за да го засилат составот“.

„Црвените“ следниот меч го играат против Манчестер Сити во четвртфиналето во ЛШ, а зборовите на Адам нема да го воодушеват Салах, беројатно ниту добар дел од фановите ширум светот кои го засакаа крилниот фудбалер кој претходно настапуваше за Рома, Челзи, Фиорентина, Базел…

Во оваа сезона, Салах постигна 29 погодоци на 31 натпревар во ПЛ, додека во сите натпреварување постигна 37 погодоци на 42 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Фудбалерите на Лацио шокирани од условите кои ги дочекаа на натпреварот во Лига Европа (Видео)

Првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на Европа се играат овој четврток, а еден на…