Дома Фудбал Репрезентации Шок за Харт: Не е помеѓу првите три голмани во Англија?!

Шок за Харт: Не е помеѓу првите три голмани во Англија?!

Иако можеби не е највисоко ниво, сепак ваква одлука на селекторот Герет Саудгејт би била и тоа како големо изненадување.

Сигурно дека многумина очекуваат ако ништо друго Џо Харт да биде барем трет голман на репрезентацијата на Англија на Мундијалот во Русија, но според медиумите во Ангија тоа нема да биде така.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, долгогодишниот прв голман на Англија изгледа дека ќе остане без „билет“ за Русија, а на негово место повик би можеле да добие некој од Том Хетон или Ник Поуп кој одлично брани во Барнли.

Последниот рок за соопштување на играчите кои ќе бидат дел од Мундијалот е 4 јули, но Саудгејт најави дека ќе го соопшти списокот нешто порано.

Кога е улогата прв голман во прашање, таа ќе му припадне на Џек Бутланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид веќе има фаворит за наследник на Арбелоа – легендарниот Французин!

Јасно е дека Алваро Арбелоа повеќе нема да го води Реал Мадрид, а нов тренер на кралскиот …