Младиот британски возач Били Монгер доживеа тешка несреќа минатиот април во Формула 4, после што му беа ампутирани двете нозе.
Една година подоцна 18 годишниот Бритнанец се врати на стазата во Формула 3 и на првата трка заврши на фантастичното трето место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Монгер и покрај тешките повреди минатата година на „Донингтон парк“ не се откажа од автомобилизмот туку му се врати со уште поголема жар и борбеност.
Во меѓувреме тој добиваше подршка од многу возачи од Формула 1, а собрани беа повеќе од милион долари за помош на младиот возач. На Монгер му беа вградени протези место нозе, а за неговитете потреби тимот на Карлин направи специјално возило.
Младиот Британец дебитантската трка во Ф3 ја заврши на третото место со 4.093 секунди поспоро време од првопласираниот Линус Лундквис
P3 Baby! Huge thanks to @CarlinRacing and a special mention for @Chilychilton for helping me make this possible! ? #BillyWhizz pic.twitter.com/HAciAQ8WaL
— billywhizz (@BillyMonger) March 31, 2018