
Пари Сент жермен ќе се обиде во летнот преоден рок да го донесе левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро, потврди за француските медиуми познатата новинарка Клаудија Гарсија.
ПСЖ веќе почна да работи на летните засилувања, а Алекс Сандро е на врвот на листата желби.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„ПСЖ се уште немаат јасна идеја за тренерското место, но тоа не важи за фудбалерите. Тие бараат лев бек и централен дефанзивец. Исто така ќе се обидат да донесат и нов напаѓач бидејќи Кавани најверојатно заминува. Алекс Сандро е приоритет“, изјави познатата новинарка.
Алекс Сандро и минатото лето беше цел на неколку европски гиганти, но остана во Торино. Сепак, „бјанконерите“ сега се спрмени да го пуштат, но за сума не помала од 60 милиони евра.