Како што навикнавме изминатите години, европските великани и ова лето можат да имаат силни подготвителни натпревари.
Според последните информации од Островот, Манчестер Јунајтед и Ливерпул би можеле да одиграат пријателски натпревар на американската турнеја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на тоа дека на американското тло натпреварите се од голем интерес кај навивачите, планот е мечот да се одигра на Мичиген Стадионот, вториот најголем во светот со капацитет од 107 илјади.
Се очекува дека Мурињо и Клоп привлекоа големо внимание кај тамошната јавност и дека англиското дерби би продало повеќе од 100 илјади билети.
Исто така, пристигна потврдата дека Јунајтед нема да игра против ЛА Галакси, иако неодамна Златан Ибрахимовиќ премина во тој клуб.