Според најавите британски „The Times“ се работи на тоа.
Како што дознава „The Times“, Maнчестер Јунајтед и Ливерпул би можеле да одиграат натпревар во текот на летото и тоа на вториот најголемиот стадион во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Организаторот на „Интерконтиненталниот Куп“ кој ќе биде на програмата во предсезоната во јули има намера да издејствува учество на двата најголеми англиски клуба.
Планот е „црвените ѓаволи“ и „црвените“ да одиграат натпревар на „Мичиген“ стадионот во Детроит кој има капацитет од 107.601 места.
Единствениот стадион кој може да прими поголем број гледач се наоѓа во главниот град на Северна Кореја, Пјонгчанг, неговиот капацитет изнесува 114.000 места.