Поранешниот соиграч на Роналдо, Раул Албиол има само убави зборови за моментално најдобриот фудбалер во светот и смета дека светот има многу погрешно мислење за Португалецот.
Албиол мина четири години во шпанската престолнина пред да се пресели во Наполи, па сега во ЛШ ќе има можност да се соочи против некогашните соиграчи со кои ја делеше соблекувалната.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
„Роналдо е неверојатна личност, надвор од фудбалскиот терен се обидува да му помогне на цел свет, поготово на децата. Кристиано има лице кое многумина не го знаат. Никој не го знае вистинското лице на Роналдо. Напорно работи за да се подобри како играч секој ден, но истовремено е многу великодушен човек“, изјави Албиол.