Иднината на Самуел Умтити овие денови е главна тема во Шпанија, бидејќи дефанзивецот се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ добија неочекуван конкурент за потписот на Умтити, а тоа е Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот има откупна клаузула од 60 милиони евра, а со оглед на неговите квалитети и колку е важен за тимот на Барселона, оваа цена се смета за мала.
Преговорите за продолжување на договорот и ревидирање на клаузулата не одат добро, бидејќи Умтити има големи финансиски барања.
Таквата ситуација се обидува да ја искористи Манчестер Јунајтед, но сега во трката за потписот на дефанзивецот се вклучи и Реал Мадрид.
„Кралевите“ се во потрага по квалитетен стопер и се спремни да ја платат откупната клаузула, притоа му нудат поголема плата отколку Барселона.
Шпанските медиуми најавуваат повторување на „случајот Фиго“, а дали Умтити ќе се согласи да премине во редовите на најголемиот ривал, останува да видиме.