Дома Фудбал Италија Пристигна демант: Интер не е на продажба!

Пристигна демант: Интер не е на продажба!

Кинеската компанија „Сунинг“ веднаш ја демантираше веста која утрово ја пласираа италијанските медиуми дека акциите на Интер се на продажба.

„Сунинг“ е сопственик на 68,55% од акциите на италијанскиот гигант. Претходно се објави дека од компанијата се незадоволни поради проблемите на клубот со финансискиот ферплеј и неучеството на тимот во евротурнирите во оваа сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кориере дела Сера“ тврди дека овие два фактори ги натерало сопствениците да ги продадат своите акции за 600 милиони евра, меѓутоа веднаш пристигна демант од Кина.

„Ние не ги гледаме објавените „приказни“ на странските медиуми. Фокусирани сме само на првенството“, изјавија од компанијата.

Интер во моментов води битка со Рома, Лацио и Милан за место во Топ 4 на крајот на сезоната, односно директно учество во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Маскерано нов тренер на Меси

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Хавиер Маскерано е н…