Дома Топ вести Ексклузива на „Ас“: Таткото на Нејмар на состанок со претставници на Реал Мадрид!

Ексклузива на „Ас“: Таткото на Нејмар на состанок со претставници на Реал Мадрид!

Шпански „Ас“ пренесува вистинска ексклузива кога во прашање е Нејмар и неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид..

Имено, како што пренесува реномираниот медиум луѓето од таборот на Реал се сретнале со таткото на Нејмар!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На состанокот на таткото на најскапит фудбалер кој е и негов агент им соопштил дека можат да го добијат Нејмар за сума од точно 405 милиони евра. Наводно состанокот бил одржан по судирот на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

На сето ова треба да се спомене и дека неодамна првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи беше во посета на својата ѕвезда во Бразил, па веста на „Ас“ и тоа како има има логика.

По се изгледа потенцијалниот нов трансфер на Нејмар не е само медиумска шпекулација и можеби веќе ова лето ќе бидеме сведоци на нов неверојатен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…