Дома Фудбал Италија Сабатини побара раскинување на договорот со Интер

Сабатини побара раскинување на договорот со Интер

Спортскиот директор на Интер, Валтер Сабатини побарал од клубот да го раскине договорот, пренесува „Газета дело Спорт“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сабатини ја имаше улогата на спортски координатор на клубовите во сопственост на „Сунинг“, поточно кинескиот Жиангсу и милански Интер.

Како причина за оставката се наведува недоволната автономност при донесување на одлуките како и финансиските рестрикции од страна на „Сунинг“.

Денес „Сунинг“ го отпушти Фабио Капело од кормилото на Жиангсу, што е само уште една потврда дека Сабатини заминува.

Се очекува двете страни во наредните денови да седнат на преговарачка маса и да најдат заеднички јазик околу раскинувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој не го очекуваше ова од Дембеле на крајот од натпреварот во Минхен, а најмалку ѕвезда на Барселона (Видео)

ПСЖ се пласираше во големото финале на Лигата на шампионите каде ќе ја брани титулата шамп…