Италијанскиот стрчњак Џенаро Гатузо во наредните неколку дена би требало да потпише нов договор со Милан кој ќе го врзе со клубот во наредните неколку сезони.
Гатузо одлично го води Милан оваа сезона, „росонерите“ конечно играат онака како што се очекуваше пред почетокот на сезона и понуда за нов договор е сосема логичен потег на управата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е дека тренерот на Милан според сегашниот договор заработува 120.000 евра годишно и неговата плата според новиот договор би требало да биде десет пати поголема. Управата на клубот веќе разговарала со Гатузо.
Италијанецот на лето сигурно ќе направи неколку промени во играчкиот кадар и наводно веќе одлучил кој може да си замине. Како што пренесуваат италијанските медиуми Гатузо ги известил во таборот на Милан дека голманот Џанлуиџи Донарума може да го напушти клубот бидејќи влијае на атмосферата во соблекувалната.
Исто така, тој поставил услов да бидат задржани Давиде Калабрија и Патрик Кутроне. Гатузо токму во нив гледа на играчи кои би можеле да бидат носители на играта на „росонерите“ во иднина.