Дома Топ вести Умтити не гарантира останување во Барса, Каталонците веќе му бараат заменик

Умтити не гарантира останување во Барса, Каталонците веќе му бараат заменик

Еден од најважните фудбалери на Барселона, Самуел Умтити не гарантира дека ќе остане на „Камп Ноу“ и следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот репрезентативец беше гостин во студиото на „TF1“ и му беа поставени прашање за иднината на кои требаше да одговори со „Да“ или „Не“.

Меѓутоа, Умтити одби да одговори на прашањето „Дали ќе остане во Барселона“ и искористи „џокер“.

Запрашан дали ќе премине во редовите на Манчестер Јунајтед, Умтити повторно го направи истото и одби да даде одговор.

24-годишниот дефанзивец во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, Барселона се обидува да му го продолжи договорот, но без успех.

Според каталоснки „Спорт“ Умтити сака големо зголемување на платата, односно Барселона да ја израмни понудата на Манчестер Јунајтед која изнесува 9 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…