Како што дознава секогаш добро информираниот „Билд“, Арсенал веќе започнал преговори со човекот кој би можел да го наследи Арсен Венгер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според реномираниот германски медиуми, Томас Тухел ги стартувал преговорите со „топчиите“, се наведува и дека токму тоа е причината поради која Тухел го одбил Баерн Минхен.
Тухел управата на Баерн ја информирал дека сака да се проба надвор Германија. Покрај Арсенал се шпекулираше и дека би можел да седне на клупата на Челзи како наследник на Антонио Конте.
Сепак, изгледа дека Арсенал е во добра предност во однос на ривалот од Премиер лигата и веќе ги започнал преговорите со респектабилниот тренер.
Германецот во овие моменти е без клуб, последниот ангажман го имаше на клупата на Борусија Дортмунд.
