Дома Фудбал Пропуст на „Најк“ или… Новите дресови на Барса се копија на дресовите на Сити и Рома!

Пропуст на „Најк“ или… Новите дресови на Барса се копија на дресовите на Сити и Рома!

На интернет се појави првата фотографија на новиот дрес на Барселона, кој играчите на актуелниот шпански шампион ќе го носат наредната сезона.

Првата гарнитура е во традиционалните бои на Барселона, со тоа што основната сина боја е нешто потемна и потсетува на бојата која на своите дресови ја има ПСЖ. Оваа гарнитура има повеќе вертикални црвени линии, но за разлика од трандиционалните, тие не се со еднакви димензии.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Производителот на дресот комапнијата „Најк“ изненади и со гостинските варијанти на дресовите. Втората гарнитура, според бојата, потсетува на дресовите на Манчестер Сити, а третата верзија потсетува на дресовите на Рома.

Инаку на дресовите на Барса од наредната сезона ќе стои и името на новиот спонзор „Rakuten“, додека името на спонзорт „Beko“ се наоѓа на левиот ракав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо и Италијанците добијаа најлоши вести пред баражот за СП

Италијанската репрезентација влегува во најважните денови од циклусот, но атмосферата во т…