Реал Мадрид оваа сезона има неколку позајмени фудбалери, кои од нив ќе стигнат до дресот на „кралевите“.
Зинедин Зидан и управата на Реал Мадрид мораат брзо да реагираат кога во прашање се одредени играчи и нивните позајмици.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Винисиус е одличен во Флманего постигна одлични два гола против Емелек во Копа Либертадорес и очекувањата се тој со сигурност да се појави на припремите за новата сезона.
Мартин Одегард во Херневен игра сосема солидно и полека созрева. Сепак, за него најверојатно ќе нема место во тимот и наредната сезона. Се споменува позајмица во Леганес. Иначе младиот Норвежанец има договор со Реал Мадрид до 2021 година.
Лукас Силва е главниот проблем на Реал Мадрид, многумина неговото купување го прокоментираа како грешка. Неговиот договор со Реал го врзува до се до 2022 година, а веројатно нема да игра за „кралевите“ бидејќи од таборот на Реал се обидуваат да го продадат. Беше на позајмица во Марсеј и не се снајдер баш најдобро, сега е во Крузеиро каде што исто така лош.
Фабио Коентрао игра одлично во Спортинг, Жорж Жесус прокоментира дека тој е повторно спремен за голем клуб. Сепак и покрај овие зборови на Жесус најверојатно Коентрао нема да добие шанса во Реал. Неговиот договор истекува наредната сезона.
Раул де Томас е напаѓач кој можеби најмногу воодушевува оваа година. Постигна 18 погодоци на 22 натпревар колку што беше стартер за Рајо Ваљекано и еден од клучните играчи на тој тим. Негов најголем проблем е што останува без договор. Има 23 години и на Реал е да одлучи што ќе прави со него.
Играчот за врска Федерико Валверде го носи дресот на Депортиво Ла Коруња, има само 19 години и би можел да биде голема ѕвезда во иднина, но оваа сезона немаше многу прилика да се докаже поради тешката повреда.
Серхио Дијаз е напаѓач од Паргвај и има само 20 години и оваа сезона е во Луго на позајмица, но во ноевмри како и Валверде заработи тешка повреда и пропушти голем дел од сезоната. Наредната сезона најверојатно ќе игра за Кастиља. Реал за него плати пет милиони евра пред две години.
Алеиш Фебас е 22 годишен играч за врска и настапува за Срагоса и е еден од најдобрите фудбалери на овој клуб кој се бори за влез во Примера. Тој најверојатно ќе остане во Сарагоса и наредната сезона.
Хамес Родригез има договорена позајмица до 2019 година и откупна клазула од 42 милиони евра. Голема е веројатноста Баерн Минхен да ја плати оваа сума.