Дома Тенис Федерер и уште две ГОЛЕМИ имиња го пропуштаат Мастерсот во Монте Карло

Федерер и уште две ГОЛЕМИ имиња го пропуштаат Мастерсот во Монте Карло

Најдобриот тенисер во светот, Роџер Федерер нема да учествува на третиот Мастерс турнир во сезоната во Монте Карло кој стартува на 16. април.

Покрај Швајцарецот на листата од ТОП 10 ги нема и Аргентинецот Дел Потро, кој минатиот викенд победи во финалето против Федерер во Индијан Велс и го освои првиот Мастер во кариерата, како ниту Кевин Андерсон од Јужна Африка.

Во Монте Карло нема да го гледаме ниту Стен Вавринка кој поради повреда нема да го гледаме некое време на теренот. Во Кнежевството на теренот би требало да се врати десеткартниот освојувач на третиот Мастерс во сезоната, Рафаел Надал, а пријавен е и Новак Ѓоковиќ..

Вреди да се напомене дека титулата ја брани Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милевска меѓу најдобрите поентерки, ЧСМ ја запиша првата лигашка победа

Андротеа Милевска се врати по повредата со успешен првенствен настап за ЧСМ Букурешт. Маке…