Дома Фудбал Англија Канте не сака во ПСЖ: Челси е мој клуб, мој дом

Канте не сака во ПСЖ: Челси е мој клуб, мој дом

Францускиот фудбалер Нголо Канте не размислува во склад со медиумските написи кои во последно време го преселуваат од Челси.

Канте е еден од светлите точки на Челси во оваа сезона, а како таков во последните месеци се повеќе е поврзуван со бројни клубови, меѓутоа од трансфер нема да биде ништо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Стемфорд Бриџ можат да здивнат, Канте уште еднаш повтори дека нема намера да ја менува средината и дека Челси е негов клуб и дом.

„Челси е мој клуб, мој дом. Ова е моја втора сезона на Стемфорд Бриџ. После се што се случи претходната сезона, во која игравме добро и освоивме титула, заиграв и во ЛШ. Сега се бориме за пласман меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата и тоа е наша цел.“ – изјави Канте.

Најзаитересиран за услугите на Канте се ПСЖ, чии челници се спремни да платат право богатство, меѓутоа Светците ќе мора да се откажат. Францускиот фудбалер засега не се гледа во Франција…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…