Дома Фудбал Официјално: Кјелини ги пропушта Аргентина и Англија

Официјално: Кјелини ги пропушта Аргентина и Англија

Џорџо Кјелини ќе ги пропушти следните два натпревари со репрезентацијата на Италија против Англија и Аргентина, со оглед на тоа дека закрепнува по повредата која ја заработи играјќи во дресот на Јувентус.

Оваа објава на италијанскиот сојуз стигна бидејќи е пренесено во медиумите дека е под знак прашање за следните два меча на репрезентацијата, како и за дуелот во ЛШ против Реал Мадрид.

В.д. селекторот на Италија, го замени Кјелини во тимот со фудбалерот на Вест Хем, Анџело Огбона.

Натпреварот на Италија со Аргентина на програмата е на 23. март во Манчестер, а четири дена подоцна Аѕурите ќе се соочат со Англија на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља ја откри другата страна на Мурињо: Шеги во соблекувалната, целосна почит на теренот

Марк Кукуреља вели дека Мурињо е поинаков од сликата што ја има јавноста за него: близок с…