Дома Фудбал Италија Видео: Цела Италија зборува за реакцијата на Кутроне

Видео: Цела Италија зборува за реакцијата на Кутроне

Младиот напаѓач на Милан, Патрик Кутроне е најголемото откритие оваа сезона во Сериија А, а како круна на добрите партии стигна и повикот за сениорската репрезентација.

Кутроне и вчера постигна гол за Милан и беше инспиратор за пресвртот против Киево, а една негова реакција денес е главна тема во Италија.

Имено, Кутроне постигна гол во 54-та минута за израмнување, но помошникот судија го крена знамето и сигнализираше офсајд, па судијата мораше да се консултира со ВАР за да го признае голот.

Откако му беше признаен голот, Кутроне го претрча целиот терен и го „запали“ стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кин сака да игра во Лигата на шампионите, го бојкотирал тренингот на Фиорентина!

Мојзе Кен, кој играше одлично во претходните неколку сезони во дресот на Фиорентина, е реш…