Дома Македонски спорт Мак ракомет Металурзите ветија и остварија: Со победа заокружена сезоната во СЕХА лигата

Металурзите ветија и остварија: Со победа заокружена сезоната во СЕХА лигата

Тимот на Металург со триумф го заокружи своето овогодишно учество во регионалната СЕХА лига.

На домашен терен во последниот меч екипата на Јовиќ славеше со 28:26 против Целје, по што како седмопласирани го завршуваат својот настап.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Уште во првиот дел, Металурзите успеаа да му парираат на Целје, па на пауза заминаа со четири погодоци позитива, односно 17:13.

Во второто полувреме, Целје во еден момент израмни на 23:23, но тогаш екипата од Автокоманда успеа да создаде серија од 3:0, па на крајот сепак гостите намалија само еден погодок, што значеше конечни 28:26.

Кузмановски во таборот на Металурзите беше најпрецизен со шестпостигнати погодоци, додека на спротивната страна се издвоија Даниел Дишебаев, Макуц и Маргуч со постигнати пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…