Дома Фудбал Англија Мурињо: Ќе ја освојам Лигата на шампиони со Јунајтед!

Мурињо: Ќе ја освојам Лигата на шампиони со Јунајтед!

Жозе Мурињо беше мета на големи критики после елиминацијата од Севиља во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Сепак, „Специјалниот“ не се предава и јасно истакна дека неговата намера е да го освои најпрестижниот трофеј со Манчестер Јунајтед.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Постојат клубови кои трошат многу повеќе од нас, но сепак тоа не е најважно. Тоа не значи дека ние не можеме да постигнеме голем успех“, изјави Мурињо.

„Ја освоив ЛШ со Интер, а на турнирот беа Реал и Барса, каде играат Роналдо и Меси. Во Реал имав сè, но не успеав да го освојам турнирот. Мислам сепак, дека можам да го освојам со Јунајтед овој трофеј, и мислам дека повторно ќе се бориме за титулата. Нема сомнение за тоа“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…