Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Се надевав дека ќе го избегнеме Јувентус

Зидан: Се надевав дека ќе го избегнеме Јувентус

На вчерашната ждрепка од ¼ финалето во Лигата на шампионите топчињата сакаа да се сретнат старите познаници и минатогодишните финалисти Јувентус и Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред ждрепката стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри го истакна Реал како прв кандидат за трофејот, а сега и Зинедин Зидан признава дека сакал да го избегне италијанскиот тим во ¼ финалето.

„Шансите во овој дуел се 50/50, Јувентус е навистина силен тим го покажаа тоа и минатата сезона. Поминав важен дел од мојата кариера во тој тим и се надевав дека ќе ги избегнеме. Сепак, ждрепката така сакаше и ќе мораме повторно да се соочиме“, изјави Зидан.

Во минатогодишното финале Реал Мадрид го порази Јувентус со убедливи 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

(ВИДЕО) Голем гест на Роналдо: Помага на момче од Венецуела кое изгуби сè во земјотресот

Страшниот земјотрес што ја погоди Венецуела кон крајот на јуни и понатаму буди силни емоци…