Дома Фудбал Англија Мурињо: Навивачите слушаат идиоти, играчите треба да пораснат!

Мурињо: Навивачите слушаат идиоти, играчите треба да пораснат!

mourinho

Манаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека не е добро кога навивачите се разочарани бидејќи во таква ситуација и играчите немаат големи очекувања.

Љубителите на англискиот фудбал сигурно се разочарани поради елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од Севиља во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислите дека Севиља нема играчи кои би играле во мојот тим. Не можам да ги именувам бидејќи тогаш нивните фудбалски менаџери би полуделе од среќа. Кога во прашање се навивачите, тие читаат се што луѓето пишуваат, слушаат што зборат другите. Тие кои ги пишуваат приказните се луѓе со многу идеи. Таквите ги нарекувам идеалисти или идиоти, а можат да бидат и едното и другото“, беше остар Жозе.

Мурињо истакна дека неговите играчите мораат да пораснат.

„Навивачите можат да бидат тажни поради елиминацијата, но играчите мораат да научат да се изборат со таквите очекувања и притисоците. Мораат да преживеат, а кога ќе го преживеат ќе станат посилни. Не е добро кога се е едноставно“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…