Барселона предводена од Лионел Меси во средата навечер успеа да стигне до победа против Челзи со 3:0 и така да обезбеди пласман во ¼ финалето од Лигата на шампионите.
Аргентинецот во овој дуел беше незапирлив, но без оглед на сигурното водство имаше неколку забелешки на судијата од Словенија, Дамир Скомина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словенечкиот судија одлучил да го смири малку Меси, кој протестирал на една негова одлука.
„Лео, потивко малку“, гласеле зборовите до Скомина, а на аргентинската ѕвезда не му се допаднал тонот на кој му се обратил главниот арбитар.
„Не ми се обраќај на таков таков начин. Не те омаловажував“, возвратил Меси.