Дома Останати Кошарка НБА Видео: Јокиќ со нова неверојатна вечер, Леброн до дабл-дабл, Кливленд поразен

Видео: Јокиќ со нова неверојатна вечер, Леброн до дабл-дабл, Кливленд поразен

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неверојатниот Никола Јокиќ повторно го предводеше Денвер до нова победа, овој пат против Детроит (120:113).

Јокиќ повторно оствари трипл-дабл и ова беше негов осми оваа сезона во НБА лигата. Србинот натпреварот го заврши со 23 поени, 12 скокови, 10 асистенции, 3 блокади и 1 украдена топка.

Најефикасен на натпреварот беше Блејк Грифин со 26 поени, девет асистенции и шест скокови, но тоа не беше доволно за Детроит да го избегне поразот. Во Денвер покрај Јокиќ одлични беа Мареј со 26 поени и Бартон со 23 поени.

Дрејмонд за Детроит оствари дабал-дабл учинок од 21 поен, 17 скокови и две асистенции.

Хјустон остана на лидерската позиција благодарение на новата победа над Клиперси од 101:96. Џејмс Харден стигна до учинок од 24 поени, седум асистенции пет скокови, додека Клинт Капел имаше 19 поени, 12 скокови и дури шест блокади. На друга страна Тобијас Херис уфрли  29 поени, Остин Риверс 20, Деандре Џордан 18.

Кливленд со поразот од Портланд (113:105) си го доведе четвртото место во прашање.

Домаќинот беше предводен од одличниот тандем Лилард-Меколум Лилард натпреварот го заврши со 24 поени, додека Меколум со 29 поени. На Кливленд не му помогна одличниот настап на Леброн Џејмс со 35 поени, 14 скокови и шест асистенции.

За Портланд ова беше 11 победа во низа со која се искачи на третата позиција на Западот, на другата страна Кливленд е четврти со само победа помалку од Индијана.

НБА резулати

Индијана – Торонто 99:106

Атланта – Шарлот 117:129

Њујорк Никси – Филаделфија 110:118

Хјустон – Лос Анџелес Лејкерси 110:96

Мемфис – Чикаго 110:111

Сан Антонио – Њу Орлеанс 98:93

Денвер – Детроит 120:113

Јута – Феникс 116:88

Портланд – Кливленд 113:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…