Дома Фудбал Англија Погба заминува од Јунајтед, им се довери на своите соиграчи и каде би сакал да продолжи

Погба заминува од Јунајтед, им се довери на своите соиграчи и каде би сакал да продолжи

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Пол Погба сака да ја продолжи кариерата во Барселона.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и четвртиот најскап платен фудбалер на сите времиња, игра по системот „топло-ладно“ оваа сезона, по повредата имаше неколку солидни дуели на почетокот на годината, но следеше пад во формата, поради кој често е надвор од ростерот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Потполно потфрли и во поразот на Јунајтед од Севиља во осминафиналето во ЛШ, влезе во игра во второто полувреме, направи неколку грешки, делуваше незаинтересирано на теренот.

Се пишуваше дека ви можел да го напушти Јунајтед следното лето, а самиот Французин, според сознанијата на споменатиот шпански медиуми, им соопшти на своите соиграчи дека би сакал да игра во дресот на Барселона покрај Лео Меси.

Некогашниот играч на Јувентус во 2016. година беше блиску до премин во редовите на мадридски Реал, но одлучи да се врати во Јунајтед и игра под Жозе Мурињо, кој тоа лето го направи најскап играч на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…