Раководството на Челзи конечно ги реши сите проблеми и ќе започне со изградба на нов стадион кој ќе чини една милијарда фунти, пренесуваат англиските медиуми.
По речиси една година Челзи постигнаа договор со семејството Кросвејт, со кого водеа судска битка за реконструкција на стадионот „Стемфорд Бриџ“.Во мај 2017 година, семејството Кросвејт издејствува забрана за реконструкција на стадионот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мотивот на членовите на фамилијата е дека по модернизацијата на „Стемфорд Бриџ“ во нивниот дом нема да влегува сончева светлина. Меѓутоа, во јануари оваа година, лондонските власти застанаа на страната на Челзи во спорот.
По реконструкцијата „Стемфорд Бриџ“ ќе биде со капацитет од 60.000 гледачи, а во употреба ќе биде пуштен од сезоната 2021/22.
Work can now start on Chelsea's new £1bn stadium at Stamford Bridge.
They've settled a dispute with a neighbour who objected to the construction.
Full story ? https://t.co/bqq8leti1r pic.twitter.com/3R3M5KKtHr
— BBC Sport (@BBCSport) March 15, 2018