Дома Фудбал Италија Човекот кој ги освои „росонерите“: Веднаш би се вратил во Милан, тој клуб не можам да го одбијам

Човекот кој ги освои „росонерите“: Веднаш би се вратил во Милан, тој клуб не можам да го одбијам

boateng

Заедно со борбата за што подобри резултати на теренот, Милан води и борба со роковите кои УЕФА ги постави кога во прашање се финансиите.

Кинезите бараат нови инвеститори кои се способни да ги покријат долговите направени во летниот преоден рок. „Ла Газета дело Спорт“ пишува дека најмногу за вакво нешто загризал Арапот Саед Ал-Фаласи, кој е член на кралското семејство од УАЕ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И додека јавноста следи што се случува со италијанскиот гигант, поранешниот фудбалер на Милан призна дека никогаш не помислувал дека сопственик на Милан може да биде некој кој не член на семејството Берлускони.

„Не можев ниту да го замислам Милан без Берлускони, тој секогаш ќе биде дел од историјата на клубот, невозможно е тој на некому да не недостасува. Јас лично можам да му се заблагодарам бидејќи ми помогна да станам човек“, изјави Кевин Принс Боатенг кој сега настапува за Ајнтрахт во Бундес лигата.

„Дали би се вратил? Секако! Веднаш би трбал за Милано, на тој клуб никогаш не би можел да му кажам не. Секако, морам да бидам реален и да кажам дека такво нешто е скоро невозоможно. Навистина ми беше чест да го носам тој дрес“, истакна Ганецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…