Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа четири натпревари.
Голден Стејт после поразите од Портланд и Минесота пред своите навивачи го совлада Л.А Лејкерси со 117:1106 иако во тимот на Вориорси ги Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Актуелниот шампион кон средината од третата четвртина дојде до двоцифрена предност, гостите од Лос Анџелес на стартот на последниот период стигнаа до -5, но не успеаа сериозно да го загрозат водството на Вориорсите.
Кевин Дурант постигна 26 поени, Ник Јанг додаде 18, Омри Каспи 15, а одличен беше и Заза Пачули со 10 поени, 12 скокови и 5 асистенции.
Кај Лејкерси се истакнаа Џулијус Рендл со 22 поени 10 скокови, а по 20 постигнаа Брук Лопез и Ајзеа Томсас.
Во дербито на Источната конфереција видовме неверојатен натпревар, а после две продолженија славеше Вашингтон го победи Бостон 125:124 и му направи голема услуга на лидерот Торонто.
Човек на одлука беше Бредли Бил кој постигна кош и дополнително слободно фрлање за 125:119 на 85 секунди пред крајот. Бил беше и најефикасен со 34 поени со 7 скокови и 9 асистенции, Маркиф Морис додаде 20, Ото Портер Јуниор 18 поени и 11 скокови.
Во домашниот тим кој играше без Кајри Ирвинг и Ал Хорофорд, Маркус Морис постигна 31 поен, Тери Розиер 21, а додаде уште 9 асистенции, Татум уфрли 19 поени.
Горан Драгиќ беше одличен, но неговиот Мајами запиша пораз од Сакраменто (123:119). Драгиќ постигна 33 поени, додаде три асистенции и запиша два скока. На другата страна Богдановиќ стигна до 14 поени, три асистенции и три скокови.
Најефикасен играч на вечерта беше Антетоукумпо кој имаше учинок од 38 поени, 7 асистенции и 10 скокови во поразот на Милвоки против Орландо (126:117).