Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Горд сум, сите цели за март се остварени

Алегри: Горд сум, сите цели за март се остварени

„Старата дама“ се врати на првата позиција на табелата по триумфот над Аталанта во вонредното коло во Серија А, па сега има четири бода предност во однос на Наполи.

По натпреварот, тренррот на домашните, Масимилијано Алегри изјави дека Јувентус има поставена цел што се однесува до месец март, па тоа играчите го исполнија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„На врвот на табелата сме со четири бода предност. Ова е одлучувачки дел од сезоната и првенството. Целта на клубот беше да избориме четвртфинале во ЛШ и до крајот на март да бидеме први во Италија што и го остваривме. Горд сум на моите играчи“, истакна Алегри, па додаде:

„Сега доста паметно ќе влеземе во завршницата на сезоната и веруваме дека ќе ги исполните зацртаните цели. Најважно е моите играчи да се одморат, бидејќи за викендот имаме повторно натпревар“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…