Дома Фудбал Лига на шампиони Гатузо: Доволно вриштам 90 минути, во соблекувалната нема да зборувам ништо

Гатузо: Доволно вриштам 90 минути, во соблекувалната нема да зборувам ништо

Гигантски два погодоци преднос за Арсенал од „Сан Сиро“. Се чини невозможна мисија е пред Милан во утрешниот реванш на „Емирати“.

Меѓутоа, уште полоша опција би било да тргнат за Лондон со бело знаменце. На Џенаро Гатузо, такво сценариот не му паѓа на памет.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Знаеме дека мораме многу подобро од првиот меч, но горди сме што играме против голем тим на овој фантастичен стадион. Малку сме уморни, но мораме да пробаме. Родени сме да се подготвиме за ова. Знаеме дека ќе биде тешко, би лажел кога би кажал поинаку, но во фудбалот и спортот воопшто најубава работа е кога ќе го победиш законот на веројатност. Не дојдовме овде на екскурзија. Немаме што да загубиме“, истакна тренерот на „Росонерите“ на конференцијата за медиумите.

А што ќе им каже во пресрет на мечот?

„Не сум голем говорник. Играчите сеедно доволно ги потресувам викајќи во текот на 90 минути, не оди да им држам говори во соблекувалната, кога би требало да се опуштат“, искрено посочи Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…