Дома Фудбал Англија Легендата на Ливерпул за Де Геа: Го мразам, тој е најдобриот во светот

Легендата на Ливерпул за Де Геа: Го мразам, тој е најдобриот во светот

Манчестер Јунајтед вечерва го игра реваншот натпреварот против Севиља по кој ќе биде одлучен патникот во 1/8 финалето.

Најзаслужен што Манчестер Јунајтед од првиот натпревар на „Олд Трафорд“ донесе реми (0:0) е голманот Давид Де Геа кој на натпреварот во Шпанија забележа неколку спектакуларни интервенции.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Денес од студиото на „БТ Спорт“ натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Севиља го коментираше и легендата на Ливерпул Стивен Џерард кој беше во улогата на стручен коментатор.

„Можам само да кажам дека го мразам, не само јас него го мразат сите навивачи на Ливерпул. Тоа за Де Геа е најголемиот комплимент, неверојатен е прави невозможните удари да изгледаат лесни. Според мене нема подобар голман од него во овој момент“, прокоментира Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…