Дома Фудбал Репрезентации ФИФА итно испрати своја делегација во Грција

ФИФА итно испрати своја делегација во Грција

Светската фудбалска федерација ќе испрати своја делегација во Грција, само еден ден откако беше суспендира грчката Суперлига.

„ФИФА бара бескромпромисен пристап и исфрлување на сите видови на насилство од фудбалот“, наведе директорот на ФИФА за Европа Бјорн Васало.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Владата на Грција во понеделникот нареди суспензија на целото првенство откако опственикот на ПАОЛ, Иван Савидис со пиштол влезе на натпреварот против АЕК, незадоволен од одлуката на судијата.

Државниот обвинител нареди истрага за овој инцидент, однозно да се истражи зошто полицијата не го уапсил Савидис на лице место.

ФИФА веќе претходно ја предупреди Грција за неуспехот во спроведувањето на реформи во спортот. Светската фудбалска федерација се закани и со суспензија на репрезентацијата во меѓународните натпреварувања, доколку проблемите не бидат решени во најбрз можен рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалерот кој го победи ракот, сега стави потпис на договор со клубот кој многу му значи

Холандскиот напаѓач Себастијан Алер (31) ја напушти Борусија Дортмунд потпишувајќи едногод…