Дома Фудбал Италија Анчелоти призна: Блиску сум до италијанската репрезентација!

Анчелоти призна: Блиску сум до италијанската репрезентација!

Трофејниот италијански стратег, Карло Анчелоти призна дека не е многу далеку од позицијата селектор на репрезентацијата на Италија, но се уште нема донесено одлука околу својата иднина.

Анчелоти доби отказ од Баерн на почетокот на сезоната и моментално е слободен, но признава дека има разни понуди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се уште е рано за конечни одлуки. Не сум далеку од позицијата селектор на Италија, добро го познавам Костакурта, како и тој мене. Репрезентацијата мора да чека, се уште сум под договор, а тука се и други тренери кои и понатаму работат, односно не можат да потпишат договор со италијанскиот фудбалски сојуз“, изјави Анчелоти.

„Сојузот исто така има потреба од време да ја процени работата на Ди Баџо. Разговарав со Костакурта, а евентуалната работа селектор, не ја гледам како свој последен чекор во кариерата. Не знам кога ќе се вратам, не зависи тоа само од мене“, вели Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола почна да го бара младиот бисер на Барселона: „Граѓаните“ веќе испратија официјална понуда

Фудбалската јавност повторно е возбудена од вестите од трансфер пазарот, а во фокусот се М…