Изминативе неколку дена, медиумите интензивно почнаа да пишуваат за заминувањето на Нејмар од ПСЖ, а од денес се појавија и гласини за враќањето во Барселона.
Рака на срце, ова е во доменот на научната фантастика, сите знаеме дека се тужи со Барселона, дека со управата се раздели во расптравија и дека паднаа тешки зборови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа отворено го кажа и Иван Ракитиќ, медиумите пишуваат дека тоа е голема желба на Меси, а сега својот јавен став го изнесе и најдобриот пријател на Нејмар од репрезентацијата на Бразил, Филипе Кутињо.
„Морам да признаам дека се согласувам со Ракитиќ. Нејмар е голем играч – играм со него во репрезентацијата и дека тоа е вистинска привилегија. Би било фантастично да се врати и секако дека нашите врати за него се отворени ако и тој тоа го сака“, истакна Кутињо.
Тој исто така го прокоментира засилувањето на Барселона – Артур, кој на лето ќе пристигне од Греми.
„Артур е одличен играч и со него исто така имав шанса да играм во репрезентацијата. Тој носи многу квалитет, има силен карактер на теренот и надвор од него“, заклучи Кутињо.