Легендата на Парагвај, Хозе Луис Чилаверт даде интересна изјава за германскиот интернационалец, Михаел Балак.
Имено, Чилаверт тврди дека било ужасно тешко да се чува Германецот на теренот, поради неговиот „ужасен“ мирис на телото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можевте да дојдете до Балак поради тоа што смрдеше. Ужасно, апсолутно ужасно. Требаше да користи повеќе дезодорант или лимун! Можеби се работеше за стратегија, којзнае“, изјави Чилаверт.
Легендарниот голман одигра 74 меча за Парагвај во периодот о 1989 до 2003 година, а во 2002 година на СП беа елиминирани токму од Германија на Балак.