Дома Фудбал Останато Видео: Тевез го реши аргентинското Суперкласико

Видео: Тевез го реши аргентинското Суперкласико

Бока Јуниорс го победи Ривер Плејт со 4:2 во 240-то Суперкласико, одиграно во рамките на 13-то коло во аргентинската Примера.

Гостите до големата победа стигнаа со пресврт во второто полувреме, а херојот на триумфот е Карлос Тевез кој постигна два гола.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Инаку, Бока стигна до водство со голот на Боу на асистенција на Тевез во 14-та минута, но до крајот на полувремето Ривер направи пресврт со головите на Дриуси и Алари.

Во вториот дел Бока направи целосен пресврт, најпрвин екс напаѓачот на Јунајтед и Сити, Карлос Тевез, постигна два гола за предност на Бока 3:2, а победата ја потврди Сентурион со голот постигнат во судиското надополнување на времето.

Со оваа победа Бока се искачи на лидерската позиција на табелата со 28 бодови, а Ривер е на деветтото место со девет бодови помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бриж го декласира Монако, Леверкузен се спаси од пораз во Копенхаген

Ноќта во Лигата на шампионите започна со убедливата победа на Бриж над Монако (4:1) и реми…