Дома Фудбал Англија Англичаните загрижени, Кејн на штаки го напушти Борнмут

Англичаните загрижени, Кејн на штаки го напушти Борнмут

Хари Кејн се здоби со тешка повреда во текот на вчерашниот натпревар помеѓу Борнмут и Тотенхем, откако се судри со Асмир Беговиќ.

Најдобриот стрелец во Премиер лигата го напушти Борнмут со штаки и заштитна чизма. Со оглед на неговата форма во последната сезона, тој е главниот адут на Англија за Мундијалот, па англичаните се во паника после оваа вест, бидејќи до почетокот на СП има уште помалку од 100 дена.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Кејн претходната сезона претрпи повреда на зглобот и пропушти 14 натпревари во последните 12 месеци.

„Нормално дека сум загрижен додека не завршат прегледите. Се надеваме дека ќе се врати што поскоро. Имаше слична повреда и порано, но Хари е позитивен, одличен карактер и верувам дека лесно ќе ја преброди оваа ситуација.“ – рече Покетино.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…