Дома Фудбал Англија Сон може и без Кејн: Кореецот продолжува да решета за нов триумф на Тотенхем

Сон може и без Кејн: Кореецот продолжува да решета за нов триумф на Тотенхем

Кореецеот во тимот на Тотенхем, на последните три од четири натпревари постигна по два погодоци, по што стана најзаслужен што Спарси како гости славеа победа над Борнмаут со 1:4, во рамки на 30. коло во Премиер лигата.

Бонрмаут рано дојде до водство преку Станислас веќе во седмата минута од мечот, па екипата на Хоа водеше до десет минути пред крајот на првиот дел, кога израмни Деле Али.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една минута пред израмнувањето, Покетино мораше да го извади од игра повредениот Хари Кејн и наместо него на теренот истрча Ламела.

Влегувањето на Аргентинецот и излегувањето од игра на најдобриот стрелец значително го зголеми притисокот на Сон на позицијата најистурен играч, па тој одлично се снајде и со два погодоци во продолжението го реши прашањето за победникот.

Сон по нешто повеќе од еден час игра зголеми на 1:2, а три минути пред крајот на 90. минута постигна и втор погодок на асистенција на Ериксен.

Во продолжението Беговиќ капитулираше и четврти пат, кога Орије ги постави конечните 1:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…