Дома Фудбал Италија Каква симболика: Фиорентина победи со гол на заменикот на Астори!

Каква симболика: Фиорентина победи со гол на заменикот на Астори!

Фиорентина запиша минимална победа против Беневенто, во првиот натпревар без својот капитен Давиде Астори.

Херој за „волетовите“ беше Виктор Уго, кој во тимот се најде токму на местото на Давиде Астори, како негова замена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Артемио Франки“ му даде последна почит на својот прерано починат капитен, па мечот беше запрен во 13-та минута, а на трибините имаше фантастична кореографија.

Во првото полувреме Фиорентина го контролираше натпреварот и создаваше шанси, но потоа следеше пад во играта, па во неколку наврати домаќините го спасуваа голот.

Виктор Уго откако го постигна победничкиот гол во 25-та минута го прослави така што му салутираше на својот капитен Давиде Астори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок во Мадрид: Пристигна пред една година како големо засилување и веќе зажалил, сака да замине!

На 12 август минатата година, Хулијан Алваарез стана официјално играч на Атлетико Мадрид, …