Како што не се откажува од својот стил на игра, исто така не се откажува и од изјавите кои креваат „прашина“.
По завршувањето на дербито на „Олд Трафорд“ Мурињо истакнаа дека воопшто не го интересира што луѓето зборуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Апсолутно не ме интересира што ќе кажат другите. Исто така не ми е гајле дали сме победиле заслужено или. Воопшто не ме интересира“, изјави Португалецот и продолжи:
„Натпреварот беше поделен во две полувремиња, едното беше наше, другото нивно. Но, нашето беше со погодоци и возбудувања. Ние го контролиравме натпреварот и искористивме некои слабости. Во второто полувреме не сакавме да се повлечеме, но Ливерпул нас не притискаше, но добро се браневме“, изјави Мурињо.
Да потсетиме, Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1, двата гола за „ѓаволите“ беа дело на Маркус Рашфорд, додека Ливерпул ја намали предноста на противникот со автоголот на Ерик Бејли.