Дома Фудбал Англија Салах по втор пат играч на месецот во Премиер лигата

Салах по втор пат играч на месецот во Премиер лигата

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ја доби наградата за најдобар фудбалер на месецот во Премиер лигата, откако во февруари постигна четири гола и запиша две асистенции во три меча од првенството.

За Египќанецот ова е втора награда, откако претходно веше избран за играч на месец ноември.

„Моите соиграчи и тренерот ги прават работите полесни за мене. Убаво е да се освои оваа награда по втор пат“, изјави Салах.

Тренерот на Брајтон, Крис Хјутн за прв пат во кариерата ја доби наградата да менаџер на месецот, окако во февруари неговиот тим ги победи Вест Хем, Свонси и одигра реми со Стоук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…