Дома Останати Кошарка НБА Кари: Јас и Меси сме генијалци

Кари: Јас и Меси сме генијалци

kari

Бројни сличности има помеѓу кошаркарот кој е најдобар шутер во историјата на НБА и фудбалерот кој многумина го сметаат за најдобар во историјата.

Со градабата и физичкиот изглед изгледаат просечно, дури и не во споредба со противниците во нивните спортови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Но затоа со топката на паркетот и тревникот се претвараат во вистински вонземјани. Го прават невозможното со шутерските и техничките вештини. Покрај тоа двајцата се лидери на тимови кои тешко се победуваат и освојуваат трофеи.

Стеф Кари за медиумите изјави дека со Меси дели квалитети на креативен гениј.

„Со она што го прави покажува дека е креативен гениј. Тоа не е само поради вродениот талент туку и поради работните навики. Комбинацијата на овие две работи е она што се гледа на теренот. Мислам дека имаме многу заеднички особини според кои нас може да не споредуваат, пред се тука е креативноста и иновативноста која ја носиме во нашите спортови“, изјави Кари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Катастрофа за шампионот: Денвер изгуби со 45 поени разлика!

Минесота успеа да израмни на 3:3 во полуфиналната серија откако изминатата вечер го деклас…