Дома Фудбал Венгер: Важен триумф по ноќната мора од изминатата недела!

Венгер: Важен триумф по ноќната мора од изминатата недела!

Арсенал вечерва на „Сан Сиро“ славеше против Милан со 0:2 во првиот дуел во осминафиналето во Лига Европа.

„Топчиите“ го одиграа најдобриот меч во последните неколку месеци и на крајот заслужено запишаа голем триумф кој со една нога ги води во следната фаза на европското натпреварување.

Задоволен по победата е и менаџерот на лондонскиот клуб, Арсен Венгер, но и внимателен пред реваншот.

„За нас ова е многу важна победа, по ноќната мора која ја имавме изминатата недела. Меѓутоа, не значи дека сме минале понатаму. Мораме да ја завршиме работата и дома“, истакна Венгер по мечот.

Реванш битката на овие два великани на европскиот фудбал на програмата е следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ ја реши Шкендија Арачиново, ВАР го потврди вториот удар на Силекс

Силекс славеше со 2:0 во Кратово со два погодока на Есмир Хасукиќ. Вториот гол беше призна…