Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа седум натпревари.
Откако во претходниот натпревар беше критикуван и седнат на клупата во последната четвртина сега Никола Јокиќ се врати на одличните настапи, но сепак неговиот Денвер запиша пораз од Кливленд (108:113).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јокиќ беше навистина одлично расположен, но на другата страна Кливленд го имаше неверојатниот Леброн Џејмс.
Џејмс за 39 минути на паркетот уфрли исто толку поени, украде осум топки и подели 10 асистенции. „Кралот“ имаше поддршка од Родни Худ (15 поени) и Лери Ненс (13 поени, 13 скокови), што беше доволно за нова победа.
Јокиќ како што кажавме беше најдобар поединец на Денвер. Србинот уфрли 34 поени за 36 минути на паркетот, додаде 13 украдени топки и запиша шест асистенции. Ова за Јокиќ беше втор најдобар поентерски натпревар, подобар беше само против Бруклин кога уфрли 41 поен.
Џејмс Харден уфрли 26 поени во победата на Хјустон над Милвоки со 110:99. Ова за овој тим беше 17 победа во низа со што го срушија рекордот на најдолга серија. На Бостон Селтикси од оваа сезона. Освен Харден одличен беше и Крис Пол со дабл-дабл, 16 поени и 11 асистенции.
Во тимот на Милвоки Јанис Адетокунбо постигна 30 поени, Крис Мидлтон.
Ноќта која е зад нас ја обележи Демар Дерожан кој уфрли 42 поени во победата на Торонто над Пистонси 121:119.
НБА резултати:
Индијана – Јута 84:104
Чикаго – Мемфис 119:110
Детроит – Торонто 119:121
Милвоки – Хјустон 99:110
Сакраменто – Њу Орлеанс 101:114
Денвер – Кливленд 108:113
Лос Анџелес Лејкерси – Орландо 108:107