Дома Фудбал Останато Арсенал без стандардниот првотимец против Милан, фудбалерот во судир со Венгер

Арсенал без стандардниот првотимец против Милан, фудбалерот во судир со Венгер

venger

„Toпчиите“ против Милан во Лигата на Европа ќе играат без стандардниот првотимец.

Од Лондон пристигнува вест дека Хектор Белерин не отпатувал со екипата во Милан. Иако Шпанецот инсистирал да настапи на оваа средба, Арсен Венгер не сакал ништо да ризикува.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Белерин има проблем со тетивата, а англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот дури влегол и во конфликт со Венгер бидејќи не се нашол на списокот фудбалери за 1/8 финалниот натпревар против Милан.

Всушност тоа било продолжување на расправијата која започнала во неделата.

Десниот бек на „топчиите“ беше исклучително незадоволен што Венгер го остави на клупата за резерви во натпреварот против Брајтон, а потоа стави во игра на десетина минути пред крајот на средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…