Во понеделник ќе биде одржан жребот за втората фаза од Лигата на шампиони, а со оглед на распоредот на шеширите сигурно не очекуваат возбудливи дуели.
Реал Мадрид групната фаза ја заврши како второпласиран тим, па сигурно сите ќе сакаат да го избегант, а тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан има само една желба – да не го добие Јувентус во осминафиналето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ќе видиме што ќе донесе жребот. Ако можам да бидам единствено не би сакал да го добиеме Јувентус за противник“, изјави Зидан.
Реал Мадрид во осминафиналето нема да може да се сретне со шпанските клубови и Борусија Дортмунд, па можни ривали покрај Јуве се уште и Арсенал, Наполи, Лестер и Монако.