Италијанците ќе го следат трендот на Англичаните, па се чекаат и останатите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Премиерлигашките го повлекоа првиот чекор. Имено таму на тренерите им се смачи од сезона во сезона подготовките да ги прават со еден тим, потоа по силните трансфери се да се менува дури кога ќе се одиграат воведните неколку кола. Затоа Англичаните го скратија преодниот рок до 9. август, а по нивниот пример и кај Италијанците во иднина нема да има купувања на играчи по почетокот на сезоната.
А, со оглед на тоа дека следната сезона во Серија А ќе стартува на 19. август, преодниот рок кај нив ќе заврши на 18. август. Ден порано. За разлика од Англичаните, меѓутоа, Италијанците го скратија и јануарскиот преоден рок, па клубовите од Серија А ќе можат да се дополнуваат од 1. до 19. јануари, бидејќи на 20. јануари ќе почне вториот дел од сезоната.
Во Италија инаку се врати и зимската пауза, додека по пример на премиерлигашите, публиката ќе се забавува и на т.н. „боксинг деј“, односно ден по католичкиот Божиќ на 25. декември. Имено, натпреварите ќе се играат на 22., 26. и 30. декември, а потоа следи пауза до 20. јануари.