
Јувентус во самиот финиш на мечот славеше против Лацио со минимални 1:0.
„Старата дама“ го обезбеди својот триумф во 93. минута, а единствениот стрелец на мечот беше Дибала.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Двете екипи имаа по една одлична можност да постигнат гол во првото полувреме, додека во вториот дел Јувентус имаше иницијатива, но не успеваше посериозно да го загрози голот на Лацио.
Со оваа победа, Јувентус се врати на еден бод негатива зад Наполи, а и двете екипи имаат натпревар помалку.
Коментари